11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Воз прегази тројца мигранти во Франција додека лежеле на шините

Тројца мигранти загинаа во југозападна Франција откако ги прегазил воз додека тие лежеле на шините, изјави портпаролката на полицијата.

Таа рече дека четворицата мигранти биле на пругите покрај Сен Жан де Луз околу 5 часот наутро, кога биле прегазени од воз на пат кон Бордо.

„Тројца од нив починаа веднаш, четвртиот е тешко повреден“, рече таа.

„Не е јасно зошто лежеа на шините“, додаде таа.

Двајца мигранти биле од Алжир, а не е познато од каде се другите двајца.

Градоначалникот Енеко Алдана-Дуат изјави дека областа долж границата со Шпанија е порта за влез на мигрантите.