20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Изгор казна: „Тесла“ на работник треба да му плати надомест од 137 милиони долари поради расизам

Производителот на автомобили, компанијата „Тесла“, доби наредба да плати близу 137 милиони долари, бидејќи не ја спречи расистичката злоупотреба упатена кон поранешниот работник, Афроамериканецот Овен Дијаз, во фабриката во градот Фресно.

Дијаз бил возач на вилушкар од 2015 до 2016 година и работел во расно непријателска работна средина, утврди федералниот суд во Сан Франциско, објави Би -Би -Си.

Тој тврди дека Афроамериканците редовно се соочувале со расни навреди во фабриката и расистички графити во тоалетите.

Тесла се спротивстави на пресудата, но призна дека работите „не биле совршени“.

Во тужбата на Дијаз стои дека неговите колеги секој ден му велеле да се врати во Африка.

И покрај апелот до властите, судот утврди дека компанијата не презела никакви разумни мерки за борба против злоупотребата.

Во понеделникот, поротата во Сан Франциско утврди дека на Дијаз мора да му се исплати 130 милиони долари отштета и уште 6,9 милиони долари поради претрпениот стрес, рекоа адвокатите на Дијаз.