Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

„Кратки нозе“: Говорот на омраза е казниво дело

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ смета дека говорот на омраза не е казниво дело и тоа го тврдеше на ТВ дебата. Ваквите дезинформации во јавноста не се наивни, затоа што на тој начин се охрабруваат оние кои постојано сеат омраза на социјалните мрежи, што пак од своја страна може да поттикне и на физичко насилство кон оние кои се предмет на говор на омраза.

Но, како што открива „Кратки нозе“ на Цивил медија, говорот на омраза одамна е кривично дело и тоа со неколку членови во Кривичниот законик, но дека ретко во праксата се применуваат казни за ова дело. Вакво непознавање не треба да е својствено за пратеници кои ги носат законите, сметаат од Цивил медија.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК