Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Убава вест: Просечната плата во Македонија достигна 48.733 денари, бруто платата пак 73.336 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија во август 2026 година достигнала 48.733 денари, покажуваат најновите податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Во споредба со август минатата година, просечната нето-плата е повисока за 7,6 проценти, додека во однос на јули 2026 година, кога изнесувала 48.499 денари, е забележано зголемување од 234 денари.

Најголем годишен раст на просечните плати е регистриран во секторот снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и санација на околината, каде што зголемувањето изнесува 11,9 проценти. Следуваат административните и помошните услужни дејности со раст од 10,7 проценти и преработувачката индустрија со 9 проценти.

Кога станува збор за месечните промени, најголемо зголемување во однос на јули е забележано во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за 5,4 проценти. Во уметноста, забавата и рекреацијата платите пораснале за 5 проценти, додека административните и помошните услужни дејности бележат раст од 4,2 проценти.

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2026 година
Во август 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 73 336 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2026 година изнесуваше 73.336 денари

Во август 2026 година, во однос на август 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.6 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 12.1 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.8 % и Преработувачка индустрија за 9.1 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.5 %, Уметност, забава и рекреација за 5.3 % и Административни и помошни услужни дејности за 4.3 %.