8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски од Куманово: Владата на СДСМ изгради и реконстурираше патишта кои 50 години не беа чепнати

Џабе е програмата ако немате квалитетни луѓе, што се посветени, работат и го сакаат својот град, истакна пред кумановчани потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, кој додаде дека кандидатот Оливер Илиевски е иден градоначалник и како човек е чесен, достоинствен, комуникативен и многу вреден. 

-Ако не ги знаете проблемите на граѓаните, не можете да направите програма. Мора да го познавате градот и како дише декој дел од градот, ако сакате проблемот вистински да биде решен. Затоа изминатата година нашите тимови беа во сите населени места за да ги согледаме работите и да ги предлагаме на Советот на општината. Денеска тие проекти се реализираат, многу касно, но добро е сепак да се прави нешто за граѓаните, кажа Спасовски.

Тој рече дека е горд што успеал во изминатите четири години да наметнеме еден принцип, според кој Владата му помогнала на Куманово онаму кадешто можела.

-Сите регионални патишта околу Куманово се готови или при крај, а 50 години не беа чепнати. Тоа се вкупно 120 милиони евра финансиски средства од државниот буџет. Има проекти што ги финансиравме само затоа што ги поддржа Владата, три спортски сали, неколку терени, градба на казанализациона мрежа во Тромеѓе, градба на рекреативен центар Студена вода, патен правец до Добршане и уште многу такви проекти што беа финансирани од Владата предводена од СДСМ, потсети Спасовски.

Тој рече дека ќе се залага за завршување на, како што вели, реконструкцијата на спортската убавица Соколана, реконструкција на спортската сала и целосна реконструкција на спомен Костурница.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T