Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА – Седум возачи приведени, меѓу нив и тројца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи, а со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Сите лишени лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: 28-годишник и 17-годишник, двајцата од Скопје, 20-годишник од с.Арачиново, скопско, 17-годишник од с.Орешани, општина Зелениково, 24-годишник од Битола, 24-годишник од с.Добовјани, струшко и 16-годишник од с.Мала Речица, тетовско.

Додека, пак, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишник од Велес, во присуство на бранител, поради тоа што управувал мотоцикл без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК