Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 27 години го уништуваа Скопје, сега шират лаги за Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од поразот во Скопје, 27 години го уништуваа главниот град, сега немаат понуда па шират лаги за Петре Шилегов, реагираат од СДСМ, на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и директорот на „Водовод“, Душко Весковски, местеле тендер од 300.000 евра

„ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од поразот во Скопје и победата на Петре Шилегов. Тоа е истата партија која 27 години го уништуваше Скопје а сега немаат понуда за скопјани. Водени од личниот и партиски интерес, потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните за стиропор што глуми меремр, за споменици, жални врби и палми, вртелешки и лавови. Со Петре Шилегов Скопје во изминатите четири години прераснува во модерен, европски град, по мерка на граѓаните. Затоа од Белата палата е голем стравот. Манипулациите, лажните вести и лагите за Шилегов и Весковски не поминуваат“, се наведуа во реакцијата.

Од СДСМ велат дека реконструкцијата на водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“ е спроведена согласно законските прописи и градежните стандарди и нормативи, а градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно склучен посебен договор.

„ВМРО-ДПМНЕ очигледно не планираат да понудат ниту еден проект, ниту едно решение за скопјани па целата кампања ќе ја водат со лажни вести, манипулации, обиди за конструирани скандали. Затоа на изборите ги очекува уште еден убедлив пораз во главниот град но и во најголем број од општините низ државата“, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

ДЕСК