17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Исплатени субвенциите за одгледани и заклани гоеници во регистрирани капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 152 субјекти, исплати близу 149 милион денари за субвенции.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на мерката 2.13 директни плаќања за одгледании заклани гоеници во регистриран капацитет.

„Финансиска поддршка од 950 денари, ги следува сите кои имаат одгледано и заклано гоеници од 90 до 130 килограми. Сите фармери кои одгледале и заклале гоеници над 130 килограми, на сметките добиваат 1.950 денари. Агенцијата, интензивно продолжува со обработка на апликацииите се со цел средствата кои на располагање преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, брзо да се трансферираат поеднакво до сите земјоделци кои се занимаваат со растително, но и со сточарско производство“, истакна Бачовски.

Исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи и во следниот период кон сите апликанти кои правно законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци – За прв пат се воведува и можност за авансна исплата

M T

СДСМ: Вложуваме во земјоделството и се грижиме за сите земјоделци и сточари

M T

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците

M T

Бачовски: Исплатени 204 милиони денари субвенции за земјоделство за повеќе мерки

M T

Конференција за предизвиците и решенијата за развој на земјоделството и прехранбената индустрија во регионот

M T

Субвенциите за купување на куќа или стан од 50.000 евра можат да стигнат до 20.000 евра: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD