Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува прелиминарни проверки на одредени индиции за финансиски текови поврзани со АЛТА банка. Ова вечерва го потврди новата раководителка на Обвинителството, Искра Хаџи Василева, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Таа прецизираше дека во моментов не се води предистражна постапка во врска со согласноста што Народната банка ја издала за преземањето на битолската банка во септември 2025 година. Според неа, засега нема доволно основа од кривично-правен аспект да се испитува таа одлука, додека проверките на финансиските текови се во рана фаза.

Хаџи Василева посочи и дека српското обвинителство досега не побарало меѓународна правна помош од македонските колеги за истрагата што се води во Србија. Овие информации се нов развој во случајот со АЛТА банка, која е под принудна управа на Народната банка.

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч – УХМР најавува затоплување, дожд и силно јужно струење

ДЕСК

КОШТА СО СИЛНА ПОРАКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН – Иднината на регионот е во Европската Унија, проширувањето мора да продолжи

ДЕСК