Centar.mk
фотографијата е генеририрана како илустрација со помош на АИ за потребите на Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, изјави дека договорениот компромис од 2022 година обезбедува јасна преговарачка рамка и предвидлив европски пат за Македонија. Изјавата ја даде на Форумот за проширување на Европската Унија во Брисел.

Според неа, Софија се залага за создавање атмосфера во која договорените обврски би можеле да се спроведуваат без дополнително непријателство. Таа оцени дека клучното прашање е дали македонските институции ќе обезбедат политички услови за исполнување на преземените обврски.

Ставот на бугарската министерка доаѓа во период кога македонската Влада продолжува да бара решение за условувањата поврзани со уставните измени. Двете земји остануваат со различни позиции за начинот на надминување на спорот, а официјален нов договор не е објавен.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч – УХМР најавува затоплување, дожд и силно јужно струење

ДЕСК