12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден ќе прими трета доза вакцина кога ќе биде достапна за сите

Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе ја прими третата доза од вакцината против Ковид-19, но ќе чека да биде широко достапна, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

„Ќе почекаме додека не биде достапна за пошироката јавност, а тоа очекуваме да биде наскоро“, рече Псаки.

Бајден за ABC News во август рече дека тој и првата дама Џил Бајден ќе се вакцинираат со трета доза вакцина за зајакнување на имунитетот, откако неговата администрација објави планови дека трета доза ќе биде достапна за возрасните во САД од 20 септември.