8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Пет бенефити на чајот од камилица

Камилицата помага за подобар сон и за работата на дигестивниот систем

Чајот од камилица е популарен пијалок со повеќе здравствени придобивки. Камилицата е растение кое со векови се консумира како природен лек за голем број здравствени состојби. Содржи многу антиоксиданси кои имаат улога во намалување на ризикот од неколку болести, вклучувајќи срцеви заболувања и рак. Исто така, камилицата помага во подобар сон и варењето на храната.
Но, особено се истакнуваат петте потенцијални здравствени придобивки од чајот од камилица.

1.ГО ПОДОБРУВА СОНОТ бидејќи содржи апигенин, антиоксиданс кој се врзува за одредени рецептори во мозокот одговорни за вознемиреност, делува смирувачки и поттикнувајќи ја поспаноста.

2.ПОМАГА ПРИ РЕГУЛИРАЊЕ НА ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ, традиционално се користи за лекување на неколку дигестивни заболувања, вклучувајќи гадење и надуеност (прекумерно производство на гас).

3.МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ВИДОВИ РАК – антиоксидансите кои се наоѓаат во чајот од камилица се поврзани со помала инциденца на рак, особено споменатиот апигенин.

4.ПОМАГА ЗА КОНТРОЛА НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА, антиинфламаторните својства на чајот од камилица може да го намалат оштетувањето на клетките на панкреасот, што се јавува кога нивото на шеќер во крвта е екстремно покачено.

5.ПОМАГА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО бидејќи е богат со флавоноиди, антиоксиданси кои имаат потенцијал да го намалат високиот крвен притисок и да го намалат нивото на холестерол, фактори на ризик за развој на срцеви заболувања.

Можеби ќе ве интересира

Еве како пиењето чај може да ја намали смртноста

M T

Природен лек кој може да ни помогне: Еве за што е добар чајот од камилица

M T

ВНИМАВАЈТЕ – Овој чај често се конзумира, а може да биде штетен за црниот дроб

M T

ВНИМАТЕЛНО СО ЧАЕВИТЕ – Еден вид чај го зголемува ризикот од добивање рак на речиси сите органи

M T

Еве зошто не треба често да се конзумира чај од жалфија

M T

Еве што се случува со вашето тело ако пиете чај од ѓумбир секој ден

M T