Три од пет жени на возраст од 30 до 49 години никогаш не биле опфатени со скрининг за рак на грлото на матката, покажуваат новите процени што денеска ги објави Светската здравствена организација. Податоците се претставени по повод 17 ноември, Светскиот ден за елиминација на овој вид рак.
СЗО посочува на голема нееднаквост во пристапот до тестирање за хуман папилома вирусот (ХПВ). Во последните пет години вакво тестирање направиле само два проценти од жените во земјите со низок и среден доход, наспроти 32 проценти во државите со висок доход.
Организацијата повика државите да ги прошират програмите за скрининг, вакцинација против ХПВ и навремено лекување. Раното откривање на преканцерозни промени значително ги зголемува можностите да се спречи развојот на заболувањето.


