Centar.mk
Временска прогноза на УХМР за Македонија
-МАКЕДОНИЈА

УХМР СО НОВИ МЕРЕЊА – Охрид со најмногу дожд меѓу наведените градови

Според денешните утрински метеоролошки податоци, во Охрид се регистрирани 27 литри воден талог на квадратен метар, во Демир Капија 19, во Битола 17, а во Берово 15 литри.

Најниската температура меѓу наведените градови е измерена во Тетово, шест степени. Во Скопје, Охрид, Берово и Крива Паланка биле измерени по седум степени.

Во текот на денот се очекува продор на постуден воздух и постепено преминување на дождот во снег на дел од повисоките места.

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈЕ ВО ФОКУСОТ НА ЕВРОПСКАТА ДЕБАТА – Дводневна меѓународна конференција

ДЕСК

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕ СТИВНУВА – Повеќе полициски интервенции низ Македонија

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Одговорот зошто бил донесен неуставен колективен договор во културата треба да се побара кај Заев и владата на СДС и ДУИ

ДЕСК