Обилните снежни врнежи и заледените коловози предизвикаа сериозни проблеми во јужниот дел на Германија. Според германските медиуми, полицијата во Горна Баварија регистрирала повеќе од 400 сообраќајни несреќи.
Во Долна Баварија полицијата и противпожарните служби интервенирале во десетици случаи. Проблеми имало и на автопатските правци кон Австрија, каде што привремените затворања дополнително го отежнале сообраќајот.
На возачите кои планираат патување низ јужна Германија им се препорачува да ја проверат актуелната состојба на патиштата.


