Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСМОЗАИК

“ДИШЕТЕ СЛОБОДНО!” – Оваа компанија им даде една недела одмор на работниците поради стрес

„Најк“ на своите вработени во канцелариите на компанијата им даде една недела одмор овој месец. Според CBS News, компанијата се одлучила на таков потег со цел вработените да се ослободат од стресот.

Објавата за слободниот ден за вработените во канцелариите на Најк беше објавена на LinkedIn од глобалниот маркетинг менаџер на Најк, Мет Марако.

– Со ова испраќаме јасна порака: Одвојте време да се опуштите, да се справите со акумулираниот стрес и да поминете време со саканите. Не работете, напиша Марако на LinkedIn.

– Во вакви времиња, јас сум многу благодарен што бев дел од овој тим. Во оваа година (или две) кои се толку различни од другите, одвојувањето време за одмор и закрепнување е клучно за одржување на менталното здравје, но и понатамошна ефикасна работа – додаде менаџерот на Најк во објавата.

– Не е само една недела одмор, тоа е признание дека можеме да го ставиме менталното здравје на прво место и да продолжиме да ја работиме нашата работа – напиша Марако.

Најк не е првата компанија што направила таков потег. Претходно, ова го правеше компанијата Bamble, која на своите вработени, 700 од нив, им даде една недела одмор со цел да спречи согорување на т.н. Burnout.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 31 март 2026

ДЕСК

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

ДЕСК

Со енергетска ефикасност до помали трошоци: Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

ДЕСК