12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Емануел Макрон / фото Twitter
СВЕТ

Макрон: Коронавирусот сѐ уште не е зад нас

Францускиот претседател, Емануел Макрон, предупреди дека коронавирусот не е зад нас и уште еднаш ги повика Французите да се вакцинираат.

„Здравствената криза не е зад нас, тоа е многу јасно. „Ќе живееме со вирусот уште неколку месеци“, рече тој по состанокот на владата за борба против коронавирусот.

Во последните недели секојдневно се забележува зголемување на бројот на заразени луѓе во Франција поради појавата на делта-сојот, кој се шири побргу. Секој ден локалните здравствени власти регистрираат повеќе од 22.000 нови случаи.

Речиси 45 милиони луѓе во Франција примиле барем една доза вакцина или 67 проценти од населението, а 56 проценти се целосно заштитени.

Потребен е сертификат со QR-код за влез во ресторани и кафулиња во таа земја, како и за патување со авион, воз или автобус. Мерката е дел од владиниот план за поттикнување вакцинација и запирање на ширењето на коронавирусот.