8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Заев: Нашиот регион ќе биде извор на обновлива енергија за нашите граѓани и за зелената енергетска иднина на ЕУ

Премиерот Зоран Заев на Економскиот форум кој денеска се одржува во Скопје рече дека започнува нов ера на соработка во регионот. Во своето воведно обраќање најави дека ќе бидат потпишани два важни меморандуми и еден договор кој ќе ги олесни административните процедури.
 
-Нашиот регион има приближно 18 милиони луѓе и тоа е многу сериозен капитал за да ги зајакнеме нашите економии. Да ја зголемиме благосостојбата на нашите луѓе и да донесеме големи инвестиции. Тоа се остварува многу потешко доколку го правиме поединечно. Со регионално усогласување на политиките за инвестиции и подобра и координирана промоција, ќе ги направиме видливи потенцијалитена економиите на земјите одрегионот за да ја зголемат нивната привлечност за странско директно инвестирање, рече тој.
Тој потенцираше дека Севрна Македонија, Албанија и Србија имаат огромен потенцијал за одржлив раст и развој.
-Ќе побараме практична поддршка за да го направиме нашиот регион да биде извор на обновлива енергија за нашите граѓани и за зелената енергетска иднина на ЕУ. На нас е да направиме се’ што е неопходно да бидат препознаени ресурсите на нашиот регион за зелената транзиција во Европа и ќе ги повикаме Европската унија и Соединетите Американски Држави, да бидат дел од развивањето на овие ресурси. Тоа е нашиот придонес кон европската зелена транзиција.
 
На Економскиот форум во Скопје присутни се и премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

ДЕСК

Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

ДЕСК

ВРЕМЕТО ПОВТОРНО СЕ МЕНУВА: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК