7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 230 возила

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 230 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

14 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед на територија на СВР Битола

M T

Санкционирани 33 технички неисправни возила

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T

Колони возила на „Табановце“ и „Богородица“

M T

ЕП: Од 2035 година нема да се произведуваат нови возила на бензин и дизел во Европа

M T

Извршени контроли на 148 возила кои вршат јавен превоз на ученици, констатирани 70 прекршоци

M T