5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕП: Од 2035 година нема да се произведуваат нови возила на бензин и дизел во Европа

Законот, кој предвидува дека во Европа од 2035 година ќе може да се продаваат само автомобили со нула емисија, Европскиот парламент го усвои со мнозинство гласови.

Тоа значи дека ќе се забрани продажбата на нови возила на бензин и дизел.

Законот, кој има за цел да ги намали вкупните емисии на јаглерод диоксид за 55 отсто до 2030 година во однос на нивото од 1990 година, беше поддржан од 339 европратеници, 249 беа против, а 24 беа воздржани.

Текстот сега треба да се договори со Европскиот совет, а конечната верзија треба да биде потпишана од министрите за животна средина на земјите-членки на ЕУ на состанокот во Луксембург на 28 јуни.

Желбата е да се забрза транзицијата кон електрични возила во Европа и да се охрабрат производителите на автомобили да инвестираат повеќе во електрификација, што дополнително е поттикнато од друг закон, кој ќе бара од земјите-членки да постават милиони станици за полнење на електрични возила, пренесуваат медиумите.

Можеби ќе ве интересира

14 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед на територија на СВР Битола

M T

Санкционирани 33 технички неисправни возила

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T

Колони возила на „Табановце“ и „Богородица“

M T

Сите горива поскапуваат за 3 денари од литар – Ова се новите цени

CENTAR MKD

Извршени контроли на 148 возила кои вршат јавен превоз на ученици, констатирани 70 прекршоци

M T