23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Санкционирани 33 технички неисправни возила

На 15.09.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на возила и возачи на територијата на Република Северна Македонија. Притоа, 133 возила биле упатени на технички преглед и кај 33 биле констатирани вкупно 48 технички неисправности(20 неисправни уреди за сопирање, шест со измината важност на сообраќајна дозвола, четири неисправни светлосни уреди, осум неисправни составни делови…).

Исто така, кај 46 возачи биле констатирани прекршоци(29 – бесправно управување на возило, 13 – неносење возачка дозвола, два – управување возило со впишана забрана за управување возило, еден – управување возило по дејство на алкохол и еден – возач почетник кој не се придржувал на законските ограничувања.
Преземени се мерки и против 60 непрописно паркирани возила, а откриени биле и 160 останати прекршоци.
За сите констатирани прекршоци изречени се соодветни санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

14 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед на територија на СВР Битола

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T

Колони возила на „Табановце“ и „Богородица“

M T

ЕП: Од 2035 година нема да се произведуваат нови возила на бензин и дизел во Европа

M T

Извршени контроли на 148 возила кои вршат јавен превоз на ученици, констатирани 70 прекршоци

M T

22-годишна скопјанка тешко повредена, удрила во три паркирани возила

M T