13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дарко Каевски: Вложувањата во МВР придонесоа да имаме мотивирана полиција и пад на криминалот

Прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник на СДСМ:

Преку одговрен и транспарентен пристап СДСМ ја трансформираше полицијата во вистински пријател и заштитник на граѓаните.

Постојано се вложува во условите за работа, што придонесува денес да имаме високо мотивирана полиција која ефикасно и неселективно се справува со секој вид на криминал.

За овие четири години реконструирани се 58 објекти на Министерството за внатрешни работи, а изградени и во фаза на градба се неколку објекти за потребите на МВР.

Редовно се исплаќа бонус плата за остварени прекувремени работни часови.

Постојано се вложува и во набавка на нова опрема. Само во овој период набавени се 8.000 пара чевли, нови униформи за единицата за брзо распоредување и интервентната полиција, набавени се 40 нови дрегери, како и нови радарски системи.

Сето тоа приднесува за поефикасна работа на полицијата и намалување на стапката на криминалот.

Во првото полугодие од оваа 2021 година, забележан е пад на криминалот за 10,8 отсто во однос на истиот период лани.

Со ваков ефикасен пристап, постојано расте довербата на граѓаните кон полицијата која денеска е заштитник на граѓаните, чувар на законите и правниот поредок.

Продолжуваме со инвестиции во безбедносниот сектор за уште помотивирана полиција која бескомпромисно, чесно и неселективно ќе се бори против секој вид на криминал и корупција.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

Каевски: Во ВМРО-ДПМНЕ самите се фатија со рацете во медот, Мицкоски да не се крие

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МВР на Република Северна Македонија и Генералниот инспекторат на безбедносните сили на Чешката Република

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

„Слави со срце, не со оружје“ – кампања на МВР и УНДП против пукањето на веселби

M T