Неказнивоста за убиствата на новинари достигна 86 проценти, покажува новиот извештај на УНЕСКО објавен денеска. Претходниот показател изнесуваше 85 проценти, а организацијата регистрира прво влошување откако ја следи оваа тенденција од 2012 година.
Во периодот 2024–2025 година биле убиени 189 новинари, што е за 20 проценти повеќе од претходниот двегодишен период. Од нив, 127 загинале во конфликтни подрачја.
УНЕСКО наведува и 50 смртни случаи поврзани со напади со дронови. Организацијата повикува на ефикасни истраги и почитување на обврските за заштита на новинарите и цивилите во вооружени конфликти.


