Авион на „Виз ер“ што летал од Лондон кон Софија денеска бил пренасочен во Будимпешта по закана за бомба испратена по електронска пошта. Во постапката бил вклучен и унгарски воен авион.
По слетувањето биле спроведени безбедносни проверки во координација со надлежните служби. Компанијата соопшти дека соработувала со властите при постапувањето по заканата.
При проверките не била пронајдена бомба. По завршувањето на контролите, летот продолжил кон Софија, според последните објавени информации.


