Белгискиот премиер Барт де Вевер денеска му ја понуди оставката на својата влада на кралот Филип, откако коалицијата не постигна договор за федералниот буџет за 2027 година.
Кралот ја одложи одлуката за оставката и најави консултации со партиите од владејачката коалиција. Во пораката од палатата се бара политичка одговорност и избегнување продолжена криза.
Несогласувањата се поврзани и со даночните оптоварувања и начинот на обезбедување буџетски приходи. Дел од коалициските партнери бараат поголем придонес од финансиски најсилните, на што се спротивставуваат други партии во владата.


