Од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.
Прогноза за 04.11.2026
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).
Прогноза за 05.11.2026
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 06.11.2026
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


