Centar.mk
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

В недела почнуваат настаните преку кои ќе се одбележи 95-годишнината на скопската Зоолошка градина

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градскиот парк на „Школка“ ќе почнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошката градина Скопје.

Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во Градината, а киното на отворено ќе се одржи в недела со почеток во 20.30 ч.

„Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите. Филмот ‘Пинокио’, кој беше номиниран во две категории за ‘Оскар’, е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. Се гледаме на ‘Школка’“, порачуваат од скопската Зоолошка градина.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК