8.8 C
Скопје
23. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Спасовски: Со објектите во Ранковце и Старо Нагоричане досега реконструирани 58 објекти – создаваме подобри услови за вработените за подобра полиција за граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик министерот Назим Буши и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и градоначалниците на општина Ранковце, Ивица Тошевски и на општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, денеска ги посетија реконструираните објекти на полициските одделенија Ранковце и Старо Нагоричане.

„Во рамки на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-техничките и инфраструктурни капацитети на македонската полиција, денеска јас и моите соработници, покрај работните средби што ги реализиравме со колегите од Полициското одделение Ранковце и од Полициската канцеларија Старо Нагоричане, имавме можност да направиме и увид во реализираните реконструкциски работи на двата објекта на овие организациони единици при СВР Куманово. И навистина, со големо задоволство можам да констатирам дека не само што ја намалуваме долгата листа на полициски објекти што ги зацртавме за обновување во изминативе три-четири години, туку и дека Полициското одделение Ранковце и Полициската канцеларија Старо Нагоричане сега добиваат во употреба исклучително квалитетно реновирани објекти, со кои што се подобруваат условите за извршување на секојдневните работни задачи, а кои ќе ги задоволат потребите како на полициските службеници, така и на граѓаните од овие средини“, истакна министерот Спасовски по разгледување на објектите.

Министерот Спасовски елаборираше дека, следејќи ги стандардите на енергетска ефикасност на објектите, истовремено е запазена и потребата од заштита на животната средина, преку замена на досегашните начини на загревање и во двата објекта, со поставување на парно греење со електричен котел, наместо досегашната употреба на огревното дрво како енергенс. Во оваа насока старите прозорци се заменети со нови ПВЦ прозорци, извршена е замена и на внатрешната дотраена столарија и изработка на надворешна фасада. Севкупно, од буџтските средства на Министерството за внатрешни работи, за градежно-занаетчиските работи при реконструкцијата и санацијата на двата објекти, беа издвоени над пет милиони денари.

„Во овој контекст дозволете ми уште еднаш да нагласам дека ние остануваме целосно посветени на зацртаните планови за подобрување на материјално-техничките стандарди на работа и функционирање на сите организациони единици при Министерството за внатрешни работи. Од 2017 до денес целосно реконструиравме 58 објекти, а во тек е реконструкцијата на СВР Куманово, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, Полициско одделение Чашка“, потенцираше министерот Спасовски.

Спасовски образложи дека подобрувањето на условите за работа на полициските службеници резултира со позитивните резултати кои ги остваруваат, изразени во статистичките показатели, според кои, на пример, на подрачјето на општина Ранковце се бележи намалување на кривичните дела за цели 60 проценти во периодот од првата половина од годината, во споредба со истиот период лани.

На крај министерот Спасовски уште еднаш потенцираше дека актуелното раководство Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена, стручна и мотивирана полиција која ќе испорача уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата првпат на локалните избори ќе го озбезбедува транспортот на доверливиот избирачки материјал

M T

Нашиот одговорен пристап ја трансформираше полицијата во заштитник на граѓаните, велат од СДСМ

M T

За четири години реконструирани 58 објекти, во моментов дополнително работиме во пет градо

M T