Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради големиот број граѓани кои подигаат лични документи, шалтерите на МВР ќе работат и за викендот

Поради зголемен интерес за издавање готовите лични документи, Одделението за управни работи Скопје ќе работи и за време на претстојниот викенд (24/25 јули), информираат од МВР.

Од ресорното министерство појаснуваат дека в сабота (24 јули) ќе бидат отворени објектот во МТВ и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров, со работно време од 8 до 16 часот.

В недела, пак, готови лични документи ќе може да се подигнат само во објектот на МТВ, од 8 до 16 часот.

Можеби ќе ве интересира

ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Дожд и невреме пред доаѓањето на студени утра

ДЕСК

Се степаа две жени во продавница во Скопје

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО КУМАНОВО: Влегле со сила и одзеле предмети, приведени од полицијата

ДЕСК