21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Богданка Кузеска: Анкетите потврдуваат – СДСМ го има најдоброто, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Анкетата на Брима докажува дека граѓаните ги препознаваат исправните, државнички политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев.

СДСМ има стабилно водство пред ВМРО-ДПМНЕ, а заедно со коалицискиот партнер Беса коалицијата „Можеме“ има сериозно водство кое постојано расте.

Истовремено, со храбрите, визионерски и државнички одлуки, претседателот Зоран Заев ја има убедливо најголемата доверба од граѓаните.

Претседателот Заев има повеќе од двојно поголем рејтинг од Христијан Мицкоски.

Оваа анкета е потврда дека СДСМ го има најдоброто, потврда дека е силен фаворит на претстојните локални избори.

Истовремено, оваа анкета е потврда дека граѓаните не ги поддржуваат деструктивните, погубни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не му веруваат на Мицкоски затоа што знаат дека тој не може да донесе никаква промена, знаат дека тој не може да ја реформира ниту сопствената партија.

Граѓаните знаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да враќаат пари назад, затоа што тие 11 години само грабаа од граѓаните, а како опозиција се противеа на секоја мерка што значеше повеќе пари за семејствата.

Затоа на претстојните избори на ВМРО-ДПМНЕ им следува нов, силен пораз од граѓаните.

Граѓаните знаат дека со СДСМ се сигурни развојот и напредокот, знаат дека СДСМ го има најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата и масовно ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред кон сигурна иднина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T