Вчера (15.11.2026) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, полициски службеници од СВР Струмица заедно со претставници на РСБСП, со реализирање превентивни активности на тема „Стоп за смртта на патиштата – вози одговорно“, го одбележаа 15 ноември – Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
На повеќе локации на подрачјето на секторот, полициските службеници преку делење летоци со едукативна содржина и во разговор со возачите ги потсетуваа за нивната обврска за одговорно однесување во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи, а пред сè почитување на ограничувањата на брзината на движење, бидејќи токму неприлагодената брзина е најчестата причина за случување на сообраќајни незгоди.


