8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Благој Бочварски: Со СДСМ се гради како никогаш досега – реконструкција на 450 километри локални улици и патишта во сите општини во државата

Прес-конференција на Благој Бочварски, Претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ:

Во тек е имплементација на капиталниот проект за изградба и санација на локални патишта и улици во општините, со кој обезбедуваме подобра инфраструктура во општините и го олеснуваме животот на граѓаните.

Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата.

Со првиот повик опфативме 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 километри, вреден преку 4 милиони евра.

Активно работиме на реконструкција на улици во општините Карпош, Ѓорче Петров, Тетово, Кратово, Берово, Македонски Брод, Прилеп, Неготино и многу други, се градат улици и патишта како никогаш досега.

Во завршна фаза е вториот повик, за овој проект со кој започнува реконструкција на 35 улици во 21 општина, со вкупна должина од 35,5 километри, со вредност од околу 7 милиони евра, а во тек е подготовка на трет повик, со кој треба да се опфати реконструкција на дополнителни 60 километри локални улици.

На секоја општина за оваа намена на располагање и стојат од 500.000 до 2 милиони евра. Тоа се неповратни средства, со кои општините реконструираат улици и патишта, кои се приоритет за граѓаните од нивната општина.

До крајот на 2022 година очекуваме да бидат рехабилитирани меѓу 120 и 150 километри локални улици и патишта.

Со овој проект, за изградба и санација на локални патишта и улици во општините го подобруваме урбаното живеење, обезбедуваме локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните.

СДСМ како одговорна партија со реализацијата на капиталните проекти директно влијае на економијата, го поттикнува економски раст, ја подобрува инфраструктурата и го зголемува квалитетот на животот на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Лишена од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово

ДЕСК

ВО ТЕК ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ – Се апси на неколку локации низ градот и околината

ДЕСК

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК