12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Па и да го потопевме британскиот брод, немаше да избие Трета светска војна, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека уништувачот на британската кралска морнарица во Црното Море намерно се обидел да ги тестира одбранбените способности на Русија, пренесува „Ројтерс“.

„Поради инцидентот со британскиот воен брод во близина на Крим, светот не беше на прагот на Трета светска војна. Дури и да го потопевме британскиот уништувач, немаше да има Трета светска војна“, рече Путин за време на специјалната програма „Директна линија“, а пренесе „Спутник“.

Рускиот претседател изјави дека Велика Британија сакала да ја открие локацијата на руските сили на Крим и да види како тие реагираат.

Тој додаде дека инцидентот кај Крим е провокација, во која учествувале не само Британците, туку и Американците.

Точно напладне по московско време, по 18-ти пат, рускиот претседател започна да одговара на прашањата на руските граѓани во рамките на традиционалната ТВ програма „Директна линија“.

Како што беше објавено претходно, за Путин стигнале над милион прашања и тие продолжуваат да пристигнуваат, пренесува руската агенција ТАСС.