17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чешката полиција објави видео од торнадото одблизу: „Ова го снимил храбар човек“

Чешката полиција на својот твитер-профил објави неверојатно видео од торнадото, снимено одблизу.

„Неверојатно автентично видео од Лужице. Денеска со нас го сподели еден од мештаните кои очигледно има челични нерви. Благодарност до него. Радован, ти си храбар човек!“, напиша чешката полиција на „Твитер“.


Лужице е едно од селата во Јужноморавскиот регион кое претрпе најмногу штета од ударот на разорното торнадо, Ф3.

Потсетување, торнадата се класифицираат според таканаречената Фуџитова скала (според Тетсуја Фуџита) од F0 до F5, при што F5 е најсилна бура.

Според претходните податоци, торнадото во Чешка било на горната граница на F3. Брзината на ветерот изнесувала околу 219 км/ч. Но, метеоролозите не ја исклучуваат можноста во некои моменти торнадото да било уште посилно од тоа.

Во невидената бура што ја погоди Чешка во четвртокот, загинаа пет лица, а околу двесте се повредени.

Според проценките на метеоролошката служба, торнадото оставило појас на уништување широк 500 метри и долг 26 километри.