9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Струјата наместо да поскапи, би можело да поевтини – Државните електрани понудиле 7 проценти пониска цена од лани

Наместо поскапување струјата може да поевтини, и не заради тоа што Владата одлучи да го намали ДДВ од 18 на 5 отсто.

Државните електрани на Македонија понудија 7% пониска цена за струјата, споредено со лани, на аукцијата на „ЕВН“ Хоум. Електрани на Македонија понудиле 36,1 евро за мегават час, додека лани, цената со која настапија, изнесуваше 38.8 евра за мегават час. Трошокот за набавка на електрична енергија, при купување на струја од „ЕСМ“, учествува со околу 43% во крајната цена на струјата.

На денешната аукција за набавка на количини на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците, „ЕВН“ Хоум како Универзален снабдувач на електрична енергија доби најповолна понуда од АД „ЕСМ“ со цена од 36,1 евро за мегават час, информираат од ЕВН Македонија.
На тендерот, додаваат, учествуваа две компании – АД „ЕСМ“ и „ЕФТ“. Според Законот за енергетика, ЕСМ годинава треба да обезбеди 70% од потребните количини на ЕВН Хоум за снабдување на тарифните потрошувачи.

Истовремено се очекува во Парламентот да биде изгласано и намалувањето на ДДВ од 18 на 5 проценти на електричната енергија годинава, што дополнително ќе ја намали цената на струјата. (Ј.С.)

Можеби ќе ве интересира

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК

Халкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење

ДЕСК

Влатко Сулев: Денес повеќе од било кога ни е потребна туристичка промоција!

ДЕСК