Во тек е операцијата „Филтер“ на Царинската управа, насочена кон разбивање организирана мрежа за шверц на цигари, во која се опфатени компании, физички лица, како и полициски и царински службеници.
Во координирана акција со МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, утрово се приведени 13 лица, а се вршат претреси на повеќе од 20 локации во Гевгелија, Валандово, Струмица, Дојран, Велес и Скопје.
Според досегашната истрага, станува збор за шверц на големи количини цигари и избегнати давачки од неколку милиони евра. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.


