9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАСПОРТИЗБОР

(Фотогалерија) Заев: Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација!

Македонскиот фудбал е национална гордост. Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација, напиша македонскиот премиер Зоран Заев по вечерашниот наптревар меѓу Македонија и Холандија во кој нашата земја беше поразена со 3:0 од моќниот противник.

– Благодарност до сите наши навивачи, покажавме што значат гордост и европски манири среде Европа. Европа знае, Европа виде – 🇲🇰 е тука, гласна, силна, на терен и на трибини. Еден тим, една држава, едно општество.

Благодарност и до УЕФА за одличната организација и за професионалниот однос кон нашата репрезентација. Се вложивме сите во спортот, навивавме заедно, се исправивме против омразата. Покажавме заедништво и обединетост.

Од сѐ срце упатувам честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија. Нека пласманот на ова Европско првенство биде само почеток на многуте интернационални успеси, напиша премиерот Зоран Заев, кој заедно со холандскиот колега Марк Руте ги бодреа своите фудбалери од Амстердам.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.