Centar.mk
РЕГИОН

ЦРНА ГОРА ПРЕД НОВ УСПЕХ НА ПАТОТ КОН ЕУ – Денеска се очекува затворање на уште две поглавја

Црна Гора очекува на меѓувладина конференција во Брисел во четврток, 19 ноември, привремено да затвори уште две преговарачки поглавја со Европската Унија. Информацијата ја соопшти министерката за европски прашања Маида Горчевиќ.

Станува збор за поглавјето 16, кое се однесува на оданочувањето, и поглавјето 22, поврзано со регионалната политика и координацијата на структурните инструменти. Нивното затворање би претставувало нов напредок во пристапните преговори на Подгорица.

За конечниот исход е потребна потврда од меѓувладината конференција. Најавеното затворање на поглавјата не значи дека процесот на пристапување е целосно завршен, бидејќи остануваат и други преговарачки обврски.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМ ПОЛИТИЧКИ УДАР ЗА СНС НА ВУЧИЌ – Европската народна партија подготвува предлог за едногодишна суспензија

ДЕСК

ВУЧИЌ НАЈАВИ ДЕМОНСТРАЦИИ ПРЕД РТС – Порака до јавниот сервис од собраниската говорница

ДЕСК

НОВ СПОР ОКОЛУ ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ЉУБЉАНА – Жителите загрижени по најавата за затворање премин

ДЕСК