3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов: СДСМ е со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот, нема боја што може да ги покрие нивните блокади

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

Почитувани,

Разликата меѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се потврдува и продлабочува.

Додека СДСМ постојано е на терен меѓу граѓаните, на маалски и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести.

СДСМ ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина, заедно е со граѓаните, го слуша нивниот глас, ги следи нивните потреби и ги претвора во конкретни решенија.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во континуитет остануваат единствени на браникот на криминалот.

Дури и нивниот блеф за наводен нов концепт, наводни нови политики, испари за само неколку дена.

Знаат граѓаните дека тоа не е искрено, дека не е чесно од страна на Мицкоски и затоа не му даваат доверба.

Бадијала ВМРО-ДПМНЕ се премачкува со разни бои, бадијала краде слогани од СДСМ.

Не постои боја што може да го префарба и да го покрие криминалот и корупцијата што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше 11 години.

Ниту една боја, ниту еден украден слоган не може да го сокрие антидржавното однесување и штетите што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги нанесуваат на државните и националните интереси.

Со ниту една боја не можат да се покријат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, блокадите на изградбата на нов Клинички центар, блокадите на Законот за наставници, но и претходните блокади на законите за антикризните мерки.

Не е можен нов концепт со стари, режимски луѓе, тоа е обичен блеф, осуден на пропаст.

Граѓаните тоа го знаат, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се таму каде што се, во длабока опозиција каде долго и ќе останат.

Затоа СДСМ е фаворит на следните избори, затоа што граѓаните знаат дека само СДСМ може да го донесе најдоброто за нивната општина, најдоброто за државата.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК