Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта кои наплаќале за свидетелства.

„Ги поздравуваме инспекциите, но навистина не’ интересира методологијата на извештаите, односно како дошле до овие заклучоци“, изјави новиот лидер на Сојузот, Лука Павиќевиќ, пред МОН.

Како што посочи, Сојзуот го исконтактирал инспекторатот за извештаите уште на 14 јуни, но се уште немаат добиено одговор.

Од средношколскиот сојуз упатија порака и до училиштата: „Вратете им ги парите на учениците, оти само така можете да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат свидетелства, особено во година со неквалитетна онлајн настава“.

Можеби ќе ве интересира

186 ПРЕКРШОЦИ КАЈ ВОЗАЧИТЕ ЗА ШЕСТ ЧАСА – Во Македонија контролирани 870 возила

ДЕСК

УТРИНСКА МАГЛА И ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ – Еве каков вторник нè очекува во Македонија

ДЕСК

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК