12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Полицијата во Малезија со дронови им ја мери температурата на граѓаните

Полицијата во Малезија користи беспилотни летала за да ја измери температурата на жителите поради пандемијата на Ковид-19, а ги користи и за спроведување на ограничувањата на движењето во Малезија, која сè уште е речиси целосно заклучена.

Беспилотни летала можат да ја детектираат температурата на луѓето дури и од 20 метри над земјата и да испуштаат црвено светло како предупредување дека е измерена висока температура, пишува „Гардијан“.

Малезија минатата недела влезе во целосно затворање на државата во обид да се спречи зголемувањето на дневните инфекции, кои достигнаа над 9.000 на ден до крајот на мај.

Иако во меѓувреме се намалува бројот на заразени, генералниот директор за здравство, Хор Хисам Абдула, предупреди дека повеќето од новите инфекции и смртни случаи се од непознати контакти.

„Една од причините е појавата на нови видови во заедниците кои имаат поголем број заразени и поголема смртност“, рече тој, повикувајќи ги луѓето да останат дома.

Според мерките за движење, само на две лица од домаќинството им е дозволено да одат надвор за да купат потребни работи или да бараат третман во близина на нивниот дом.