17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ од полноќ им забранува на белоруските авиокомпании да летаат над Европа

Амбасадорите на ЕУ денеска усвоија план за забрана на белоруските авиокомпании да летаат над територијата на ЕУ или да слетуваат на аеродромите на Европската Унија, изјавиле тројца дипломати.

Одлуката е дел од пакетот економски санкции почнат против Белорусија во врска со присилното слетување на авионот на „Рајанер“ со опозицискиот блогер.

Одлуката треба да стапи на сила на полноќ по средноевропско време.

ЕУ исто така им препорачува на авиокомпаниите на ЕУ да избегнуваат летање над Белорусија, но во тој случај тоа е препорака, а не одредба, велат надлежните.