11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Глоба за 10 лица што без дозвола собирале отпаден материјал во Струмица и Куманово

На физички лица, кои во Струмица и Куманово без дозвола собирале отпаден метал од електрична опрема, електронска опрема и автомобилски школки на сопствено земјиште изречени им се глоби и задолжени се да ги расчистат локациите.

Во Струмица е спроведена опсежна акција на осум локации од страна на државен инспектор за животна средина, инспектор по економски криминал од МВР, комунален инспектор и овластен инспектор за животна средина во општина Струмица и по утврдување незаконско собирање, складирање и селектирање отпад на приватно земјиште, изречени се соодветни санкции.

Во Куманово надзорот е извршен од страна на државен и овластен општински инспектор и казнети се две физички лица.

Ваквите акции ќе продолжат во сите општини во кои на незаконски начин се постапува со отпад, известуваат надлежните.