21.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Фон дер Лаен: Економската соработка меѓу ЕУ и Русија станува сè потешка

Економската соработка меѓу Европа и Русија станува сè потешка, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Многуте обиди од наша страна во изминатите неколку години да ги подобриме односите со Русија не го постигнаа заслужениот успех. Економската соработка станува сè потешка со текот на времето“, нагласи Фон дер Лаен истакнувајќи дека е неопходна модернизација на руската економија.

Според неа, забележливо е дека на економијата ѝ недостига неопходната модернизација и дека економијата е зависна од енергетските приходи, но дека руската страна не изразува волја за конструктивен дијалог со Брисел.

Таа изјави дека планира нови предлози за соработка со Русија, вклучително и гасоводот „Северен тек 2“.

Фон дер Лаен посочи дека можностите ќе бидат разгледани во извештајот за односите со Русија, што ќе биде направен на крајот на јуни.