18.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Албанија 143 килограми кокаин пронајдени во пакети од банани

Управители на две компании од албанскиот град Драч биле уапсени бидејќи во контејнери од Еквадор, кои пристигнале на нивно име, биле пронајдени 143 килограми кокаин распределени во 200 пакувања.

Двајцате мажи, братучеди, негираа дека имале било каква врска со тој товар, на кој била залепена слика на Пабло Ескобар, пренесуваат албанските медиуми.

Двајцата обвинети, како што рекоа, нарачале банани од Јужна Америка, од каде им доаѓала стоката со овошје секоја недела.

Бродот беше испратен уште пред 40 дена од Еквадор по што имал застој во Панама и Италија, каде што се задржал една недела, а од Грција пристигнал во Албанија.

Албанската полиција се сомнева дека товарот од 143 килограми дрога пристигнал во Албанија во име на три различни криминални групи, објавија албанските портали.