25.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче објавило порнографски материјал, му се заканува затвор од 8 години

Немања Стоиљковиќ од Ниш беше сослушан во обвинителството за борба против високотехнолошки криминал.

Дваесет и петгодишното момче се сомничи дека бил администратор на групата во апликацијата „Телеграм“, објавуваат медиумите од регионот.

Има сомнеж дека тој јавно ги објавил фотографиите и видеата со порнографска содржина настанати со сексуално искористување малолетни лица.

„Осомничениот ја презентира својата одбрана, која ќе се проверува во понатамошниот тек на кривичната постапка“, изјавија од Обвинителството.

Обвинителството, по сослушувањето, достави предлог до судијата за претходна постапка на Високиот суд во Белград дека на осомничениот му е определена мерка забрана за приближување, средба или комуникација со неколку конкретни лица, како и за посета на одредени места, кои се поврзани со извршување на кривичното дело за кое се товари, додаваат од оваа институција.

Тие исто така посочуваат дека Обвинителството, заедно со полицијата, ќе продолжи интензивно да работи на утврдување докази за кривично дело и одговорност на лица не само во врска со оваа група за комуникација преку социјалните мрежи туку и за други лица за кои има информации за можни кривични дела.

Н. С. се товари за кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетници за порнографија, соопшти вчера српската полиција.

За ова кривично дело, во зависност од начинот на извршување и последиците, казната би била до осум години затвор, пишуваат српските медиуми.