12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Емануел Макрон / фото Twitter
СВЕТ

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“ доколку се понуди кога ќе дојде неговиот ред.

„Со оглед на најновите научни студии, ефикасноста на вакцината на ‘Астразенека’ е докажана“, им рече Макрон на новинарите по виртуелниот самит на Европската Унија, пренесува „Ројтерс“.

„Мојот ред ќе дојде, но имам време. Ако се работи за вакцина што ми е понудена, секако ќе ја примам“, додаде францускиот претседател.

Макрон предизвика вчудовиденост во Велика Британија откако претходно оваа година рече дека вакцината дејствува „квази-неефикасно“ меѓу постарите од 65 години.