12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Американското Министерство за правда бара обвинителите назначени од Трамп да дадат оставка

Американското Министерство за правда ќе побара од обвинителите што ги назначи поранешниот претседател Доналд Трамп да си дадат оставка, информира висок службеник во Министерството, пренесува „Њујорк пост“.

Од федералниот обвинител што ја надгледува сојузната даночна истрага, во која е засегнат и Хантер Бајден, синот на новоизбраниот американски претседател, беше побарано да остане на позицијата.

На сегашната позиција ќе остане и актуелниот државен јавен обвинител Џон Дурам, кој беше назначен за специјален советник за истражување на потеклото на истрагата Трамп-Русија. Дурам, сепак, се очекува да се повлече од неговата друга позиција како државен јавен обвинтел во Конектикат.

Процесот на транзиција на обвинителите во САД е вообичаен меѓу администрациите. Се очекува да бидат потребни неколку недели за да си заминат неколку десетици преостанати назначени лица од ерата на Трамп и да бидат заменети со лица номинирани од претседателот Џо Бајден.

Голем број американски обвинители кои ги избра Трамп веќе ги напуштија своите позиции.