21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова: САД постојано измислуваат некоја причина за да ни воведат санкции

САД постојано измислуваат разни причини за да воведат санкции кон Русија и не им треба посебен повод за тоа, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на сенаторот Мит Ромни за санкциите против одговорните за случајот на осудениот руски опозиционер Алексеј Навални.

„Зарем Американците не ветија санкции минатата недела, пред еден месец, пред шест месеци? Кога и да го слушнам тоа, секојпат се присетувам кога најавуваа некои санкции. Патем, изговорите се различни. И не им требаат, секогаш ќе измислуват нешто ново“, потенцира Захарова, пренесе ТАСС.

Во вторникот, Ромни рече дека наскоро ќе бидат објавени нови санкции во врска со случајот Навални.

Неговата изјава дојде непосредно откако судот во Москва одлучи да ја замени условната казна затвор во траење од три и пол години со затворска казна.