15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Детали за жената убиена во Конгресот – била ветеранка на американското воено воздухопловство

Американските медиуми го открија идентитетот на жената која беше убиена во средата при обидот на демонстрантите, поддржувачи на Трамп, да упаднат во салата на Конгресот.

Таму се одржуваше седница за да се потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Загина Ешли Бебит, ветеранка на американското воено воздухопловство од Сан Диего, објави „Индекс“ повикувајќи се на „Њујорк пост“.

Непосредно пред упадот на симпатизерите на Трамп во Конгресот, таа на „Твитер“ напишала дека ништо нема да ги спречи и дека бурата пристигнува.

„Ништо нема да нè спречи. Тие можат да се обидат, но бурата е тука и ќе се спушти над Вашингтон за помалку од 24 часа. Темнината се претвора во светлина“, напишала Ешли на „Твитер“.

Моментот на нејзиното убиство се појави како видео на социјалните мрежи.